ДОГОВОРИ ЗА УСЛУГИ CITROËN – ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА

ЗА ЦЕЛОСНА СМИРЕНОСТ ВО СЕКОЈДНЕВИЕТО

Дали ви е важно да ги контролирате трошоците за вашиот автомобил и да ја одржите неговата вредност за понатамошна препродажба?
За комплетна смиреност и сигурност во секојдневието продолжете ја гаранцијата за вашиот автомобил. Одлучете се за договор за продолжена гаранција за да го одржите вашето возило функционално, доверливо и безбедно. Услугата Citroën Assistance е вклучена во договорот.

ezgif-2-50f3efdcf7ДОГОВОР ЗА УСЛУГА СПОРЕД ВАШИТЕ ОЧЕКУВАЊА
ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА

Со договорот добивате бесплатна поправка или замена на неисправни делови и по истекот на двогодишниот рок на комерцијалната гаранција на вашето возило. Воедно добивате на располагање и Citroën Assistance – помош на пат и можност за транспорт на возилото 24/7 во повеќе од 40 земји.

ДОГОВОРИ ЗА УСЛУГИ CITROËN
ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА

Времетраење на договорот (од почетокот на комерцијалната гаранција): 36 до 60 месеци
Максимална километража: 200.000 км
Може да се склучи најдоцна до: 24 месеци од почетокот на комерцијалната ( фабричка) гаранција

CITROËN ASSISTANCE
Поправка или транспорт на возилото 24 часа на ден, 7 дена во неделата, во повеќе од 40 земји, во случај на механички, електричен/електронски дефект и неможност за понатамошно управување на возилото. Вклучува и згрижување на возачот и патниците со изнаоѓање на најсоодветно решение за мобилност, заменско возило или сместување во хотел. – Вклучено

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА ГАРАНЦИЈАТА
Замена или поправка на неисправни механички, електрични/електронски делови кои го спречуваат нормалното функционирање на возилото, по истекот на рокот на двoгодишната комерцијална гаранција на возилото. – Вклучено

Citroën_contract_couple_2880_2717

ЕДНОСТАВНО СКЛУЧУВАЊЕ

Склучувањето на договор за услуги никогаш не било толку едноставно:
– можете да го случите веднаш штом ќе го нарачате вашето возило,
– во рок од две години од датумот на испорака на возилото, за продолжување на гаранцијата

ЧПП ДОГОВОРИ ЗА УСЛУГИ И ПРОДОЛЖЕНИ ГАРАНЦИИ

СÈ УШТЕ НЕМАМ СКЛУЧЕНО ДОГОВОР ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА. ШТО Е ПОТРЕБНО?
Доколку сте заинтересирани за продолжување на гаранцијата, ова може да го побарате во период до 2 години од набавката на вашето возило.

ДАЛИ МОЖАМ ДА НАПРАВАМ ИЗМЕНА ВО ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДОЛЖЕНА ГАРАНЦИЈА?
Се разбира! Можете да го зголемите времетраењето и / или километрите во вашиот договор пред да истече, во рамки на максималните можности (времетраење / km).

ШТО СЕ СЛУЧУВА ДОКОЛКУ ГО НАДМИНАМ БРОЈОТ НА ИЗМИНАТИ КМ ИЛИ ВРЕМЕТРАЕЊЕТО ЗА КОИ СУМ СЕ ПРЕТПЛАТИЛ?
Вашиот договор за продолжена гаранција завршува штом ќе се достигне еден од условите во претплатата – времетраење или километража.
Сепак, можно е да се продолжи времетраењето и/или километражата пред истекот на договорот.

А ДОКОЛКУ МОЕТО ВОЗИЛО Е УКРАДЕНО ИЛИ МУ СЕ СЛУЧИ НЕЗГОДА (ТОТАЛНО ОШТЕТЕНО)?
Во овој случај, вашиот договор ќе заврши на датумот на кражба или незгода која го направила вашиот автомобил трајно неупотреблив.
Во ваков случај имате право на поврат на уплатениот износ за договорот, пропорционално со датата на кражба или незгода.

А ШТО ДОКОЛКУ ГО ПРЕПРОДАВАМ ВОЗИЛОТО?
Договорот за услуги се пренесува на новиот купувачот на вашето возило. Можете да го зголемите времетраењето и/или километражата на вашиот договор пред неговото истекување, во рамки на максималните можности (времетраење / km).